Олимписките прстени ќе бидат изложени на Ајфеловата кула
Олимписките прстени ќе бидат изложени на Ајфеловата кула, соопштија организаторите, додека Париз се подготвува да одбележи 100 дена до почетокот на Олимписките игри.
На јужната страна на познатата Ајфелова кула стара 135 години, ќе бидат изложени олимписки прстени долги 29 и високи 15 метри, направени целосно од рециклиран челик.
Работата за поставување на петте олимписки кола ќе започне на крајот на месецот, соопштија организаторите.
Оваа година е забележан пораст на бројот на посетители на Ајфеловата кула.
Околу 10.500 спортисти ќе продефилираат со чамци долж Сена на свеченото отворање на Олимписките игри на 26 јули, а натпреварите ќе траат до 11 август.