More

    Што му зборуваше Путин на Гутереш на белата маса?

    spot_img

    Народната Република Доњецк и Народната Република Луганск имаат исто право као Косовo да го прогласат својот суверенитет без дозвола од централната власт, му објаснил Владимир Путин вчера на генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, седејќи на белата маса долга шест метри во Кремљ. Според Путин со Косово бил направен преседан во меѓународното право, пренесуваат РИА Новости.

    – Ова беше кажано за Косово и тоа беше одлука на Меѓународниот суд на правдата, која беше поддржана од сите – рекол Путин.

    Путин истакна дека ги прочитал сите документи на Меѓународниот суд на правдата во врска со Косово и дека добро се сеќава на одлуката во која се наведува дека при остварувањето на правото на самоопределување, одредена територија на ниту една држава не е обврзана да бара од централните власти за дозвола за прогласување суверенитет.

    Меѓу другото, Путин го известил Гутереш дека е постигнат напредок на неодамнешните разговори во Истанбул, но нагласи дека тие биле прекинати по извештаите за злосторствата врз цивилите во украинскиот град Буча.

    – Тоа што беше наведено не е точно, бидејќи руската армија нема никаква врска со тие настани во Буча, а знаеме кој и на кој начин ја направи таа провокација – рече Путин, пренесува Тасс.

    Путин сѐ уште очекува дипломатско решение за кризата во Украина.

    – Сè уште очекуваме и се надеваме дека ќе успееме да постигнеме договори со Украина преку дипломатски канали – рекол рускиот претседател.

    Тој посочил и дека преговорите со Украина ќе продолжат во онлајн-формат и се надева на нивен позитивен исход.

    Зборувајќи за ситуацијата во Мариупол, Путин рекол дека во градот повеќе не се водат воени операции, а според него украинските војници ги чуваат цивилите како жив штит во фабриката за челик Азовстал.

    Од своја страна, Антонио Гутереш му порачал на рускиот претседател дека окупацијата на Украина е целосно спротивна на Повелбата на ОН. Му кажал и дека е длабоко загрижен за хуманитарната ситуација. Гутереш нагласил и дека сака да формира нова контакт група составена од Украина, Русија и ОН, која ќе го координира формирањето на хуманитарни коридори.

    Путин „во принцип“ го прифатил предлогот на Гутереш за вклучување на Обединетите нации и Црвениот крст во евакуацијата на цивилите од Мариупол, соопштено е во седиштето на Светската организација во Њујорк.

    Според Стефан Дијарик, портпарол на ОН, претставници од Канцеларија за координација на хуманитарните активности дополнително ќе разговараат за ова со претставници на руското Министерство за одбрана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img