53-годишен маж од Арачиново кој живеел во Ирска, летал дрон во близина на касарната „Гоце Делчев“ во Аеродром

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

53-годишен маж од Арачиново кој живеел во Ирска, летал дрон во близина на касарната „Гоце Делчев“ во Аеродром.

Тој бил затекнат од воени лица, по што бил приведен од полицијата поради сомнеж дека сторил кривично дело, јави Фактор.

„На 08.04.2024 во 00.30 часот на ул. Матеја Матевски на подрачје на Општина Аеродром, на задниот дел од касарната ‘Гоце Делчев’, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобда Р.Р.(53) од с.Арачиново, со живеалиште во Ирска. Приведен е поради сомнение дека сторил кривично дело ‘неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства’ по член 350 од Кривичниот законик“, велат од полицијата.

Share This Article