More

    Премиерот на Шпанија, Педро Санчез најави суспендирање на програмата за така наречените златни визи, кои се издаваат на граѓани на земји надвор од Европска Унија

    spot_img

    Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска најави суспендирање на програмата за така наречените златни визи, кои се издаваат на граѓани на земји надвор од Европска Унија, кои инвестирале значителни средства во недвижен имот во земјава.

    Програмата предвидува дека странците кои ќе инвестираат најмалку 500.000 евра на пазарот на недвижности во Шпанија ќе добијат право на престој и работа во земјата три години. Овие инвестиции не смеат да се реализирани преку хипотекарни кредити.

    – Денес, 94% такви визи се поврзани со инвестиции во недвижнини во големите градови. Речиси е невозможно локалните жители кои работат во овие градови и ги плаќаат своите даноци во нив да најдат пристојно домување – истакна Санчез.

    Соседна Португалија неодамна престана да издава визи на инвеститорите во недвижности за да се справи со станбената криза во земјата. Сепак, странците кои сакаат да добијат престој во Португалија можат да инвестираат во инвестициски фондови.

    Европска комисија долго време ги повикува земјите од ЕУ да ги прекинат таквите визни програми бидејќи тие претставуваат безбедносен ризик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img