More

    Вучиќ ѝ порача на опозицијата дека на овој начин се самоуништува

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека „нема проблем“ со најавата на опозицијата дека ќе ги бојкотира претстојните избори во Белград на 2 јуни, јави дописникот на МИА од Белград.

    – Тоа е нивна работа. Ако сакаат сопствено политичко уништување, тоа е нивна работа и јас немам проблем со тоа – изјави Вучиќ за новинарите во Франција, во пресрет на средбата со Емануел Макрон.

    Вучиќ го изјави ова коментирајќи ги изјавите на претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас и на претседателот на Новата Демократска партија на Србија (ДСС), Милош Јовановиќ, дадени синоќа на ТВ Нова, дека „вистинската опозиција“ нема да учествува на новите избори во Белград на 2 јуни, бидејќи изборните условите не се подобрени и дека опозицијата, пробала сè, од разговори во собранието, до жалби до Уставниот суд.

    – Се обидовме сè и сешто, разговаравме иако некои нè критикуваа, поднесовме жалба до Уставниот суд и пробавме сè. Во препораките на ОДИХР пишува дека иницијативите за промени, а за изборите да бидат што пофер, треба да бидат доволно однапред и во истата реченица пишува дека треба да се засноваат на поширок политички консензус. Дали постои консензус? Нема – рече Ѓилас на ТВ Нова.

    И претседателот на партијата Србија Центар, од коалицијата Србија против насилството (СПН) Здравко Понош, денеска за ТВ Н1 изјави дека по распишувањето на изборите во Белград, „веќе нема смисла да се зборува за изборните услови и за излегувањето на тие избори“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img