Лидерот на ЗНАМ се жали дека се зголемуваат притисоците

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поднесено е ново обвинение против градоначалникот на Општина Куманово и кандидат за претседател од движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“, Максим Димитриевски.

Димитриевски од ОЈО Куманово добил покана да се јави во Обвинителството бидејќи е обвинет за кривично дело „Неизвршување на судска одлука“, а засега не е познато кој е подносител на кривичната пријава.

„Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда, ќе има и мир, а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем“, напиша Димитриевски.

Ова е второ обвинение за Димитриевски по обвинението за злоупотреба на службена положба и овластување.

Share This Article