На социјалните мрежи деновиве масовно се споделува фотографија од познатиот австралиски телевизиски канал „Фокс Спорт 2“ на кој е прикажан составот на тимот на Интер од периодот на познатата „триплета“ што ја освои италијанскиот шампион во 2010 година на чело со тренерот Жозе Мурињо.
Секако, една од главните улоги во тој победнички тим одигра и легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев.
Но, кога „Фокс Спорт 2“ го прикажа составот на Интер, а веднаш до имињата на фудбалерите ги испиша и земјите од каде што доаѓаат играчите, не можеше да остане незабележлива една огромна грешка, и тоа токму со нашиот Гоче.
Па така, на голот е Жулио Цезар од Бразил, во одбраната се Бразилците Тијаго Мота, Лусио и Маикон, како и Аргентинецот Хавиер Занети. Во средниот ред се Весли Снајдер од Холандија, Марига од Кенија и Дејан Станковиќ од Србија, а во офанзива се Диего Милито од Аргентина, Марио Балотели од Италија и, верувале или не: Горан Пандев од Бугарија!