Петрова прашува дали има мораториум за наплата на даноци пред избори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не се остваруваат месечните план за собирање на Данокот на додадена вредност кој во првиот кварт забележува кумулативен пад од 15%. Во јануари и март е остварен помал приход од овој данок. Секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата. Помал приход е забележан и за овој данок што се плаќа при увоз и за акцизите. Има потфрлување и кај другите приходи во буџетот.

Оваа информација ја објави на социјалните мрежи дополнителната заменичка-министерка за финансии Елена Петрова.

Според неа, сериозен пад има и кај приходите од данокот на личен доход и од придонесите.

– За 7% заостанува остварувањето на месечниот план за наплата на данокот на личен доход во март. Помал приход во март споредено со ланскиот март има има за данокот на другите видови примања (авторски договори, игри на среќа и др.), а за 14% заостанува остварувањето на месечниот план за наплата на придонесот за пензиско осигурување за март – вели Петрова.

Заклучно со 3 април буџетски приходи  изнесуваат 1.197,6 милиони евра, буџетски расходи се  1.554,8 милиони евра, а  буџетскиот дефицит е еднаков на 357,2 милиони евра.

-Дали Министерството за финансии, Управата за јавни приход и Царината направија анализа на што се должи ова потфрлање кај ДДВ и акцизите во кварталот кога цените се „одмрзнаа”, а и искуствено зголемена потрошувачка е карактеристика на секој предизборен период?- прашува Петрова.

Петрова прашува дали МФ и УЈП направиле анализа за на што се должи и потфрлањето кај приходите од данокот на личен доход и од придонесот за ПИО во март, по зголемувањето на минималната плата која природно треба да ги зголеми овие приходи?

- Advertisement -
Ad image

-Дали можеби УЈП ги стави во „мораториум” мерките за наплата на даноци во овој предизборен период?- прашува Петрова.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article