More

    Полицијата се уште трага по телото на малата Данка Илиќ

    spot_img

    Полицијата се уште трага по телото на малата Данка Илиќ. Се пребарува Лазаревата пештера, која се наоѓа кај селото Злот, потоа кањонот, како и целиот простор покрај реката Злот.

    На двајца осомничени за убиство на двегодишно дете им е одредена мерка притвор до 30 дена. Братот и таткото на еден од осомничените се уапсени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на девојчето.

    „Припадниците на МВР интензивно вршат детален претрес на теренот на територијата на градот Бор во потрага по телото на двегодишната Данка Илиќ за чие тешко убиство се сомничи С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, кои се уапсени на 4 април годинава“, информираат од српското МВР.

    Повеќе од стотици припадници на српската полицијата со најсовремена опрема ја пребаруваат Лазаревата пештера, која се наоѓа на околу три километри од селото Злот, каде што живее осомничениот Д.Д., Лазаревиот кањон како и целиот простор покрај Злотска река, за каде што постои сомневање дека телото на девојчето го префрлиле од депонијата кај Бањско поле, вториот ден по извршеното кривично дело, стои во соопштението.

    Детално се прегледани дворовите на соседите и околните бунари.

    По 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, полицијата уапси двајца 50-годишни мажи од Бор, осомничени за убиство, кои се спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар. Ним им е одредена мерка притвор до 30 дена. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.

    Коментирајќи го убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе и предложи на Владата повторно да се воведе смртната казна за најтешките кривични дела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img