More

    Загина прилепчанец при палење стрниште

    spot_img

    При палењето на стрништето прилепчанецот бил зафатен од пожарот и починал на местото на несреќата. Итната помош само констатирала смрт и поради несреќата нема да се изврши обдукција зашто нема траги на насилство.

    Како што информира основниот јавен обвинител Стевчо Биноски, несреќата се случила околу 13 часот.

    – Прилепчанецот запалил стрниште на својата нива во месноста викана Поводенци кај Прилеп. Пожарот излегол од контрола, ги зафатил и другите ниви, но го опфатил и 63-годишниот прилепчанец со иницијали С.Д. Прилепчанецот загинал на местото на несреќата. Екипата на итната помош само констатирала смрт. Пожарот ги зафатил и другите ниви, но од противпожарната единица од Прилеп е изгаснат – рече основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.
    Според командирот на прилепската противпожарна единица Кристијан Момироски, екипите на единицата за брзо време го изгаснале пожарот, но доцна било за 63-годишниот прилепчанец.

    – Излеговме на терен со 2 возила и 8 пожарникари. За брзо време пожарот е изгаснат, но кога пристигнала нашата екипа возилото на Итната помош веќе заминувало од местото на настанот со телото на починатиот – рече Момироски.

    Од прилепската противпожарна единица велат дека овој период годинава во споредба со лани има за 30 насто повеќе пожари на отворено, на објекти и во други случаи. Главен фактор е човекот.

    загина прилепчанецПожарстрниште

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img