Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Њујорк.
По земјотресот, граѓаните во Њујорк добија итно известување во кое се повикуваат да останат во своите домови и да повикаат помош доколку се повредени.
Асошиејтед прес (АП) јави дека земјотресот бил почувствуван низ Њујорк и околината, вклучувајќи го и Њу Џерси. Луѓе сведочат дека го почувствувале потресот во соседните држави Конектикат и Масачусетс, а „Ведр ченал“ објави дека се почувствувал и во Бостон.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесе „Ројтерс“.
„Беше многу гласно. Истрчав од мојата канцеларија бидејќи се плашев дека зградата може да се урне ако се влоши“. Немаше штета, но сите луѓе во куќата беа на вториот кат и целата куќа се тресеше и неколку работи паднаа од полиците“, раскажуваат жителите на Њујорк и околните места.