Бочварски најави брза постапка по добивањето на документацијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за транспорт и врски ја чека комплетната документација за гасоводите кои се готови за да можат да бидат ставени во употреба на дел од гасоводот, изјави денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски запрашан за тоа кога ќе биде дадена дозвола на компанијата.

Тој рече дека  до денеска не е пристигнато барање за пуштање  на некоја од гасоводните делници од Штип до Битола и од Скопје до Гостивар.

– Она што можам да го кажам е  дека овие гасоводи се веќе завршени и ми е исклучително драго технички исправни и фирмата веќе прави постапка на испробување, испитување на цевката пред да биде таа ставена во функција. Веднаш кога ќе пристигнат документите, ние како Министерство за транспорт и врски ќе формираме Комисија која што ќе изврши и технички прием и сме подготвени да веднаш го завршиме овој предмет кога ќе стигне во Министерството. До ден денеска таков предмет не е пристигнат, но веднаш по пристигнувањето ќе започнеме постапка – рече Бочварски.

Тој посочи дека оваа Влада реализираше капитални проекти во делот на гасификацијата и тоа магистрални гасоводи во должина од 210 километри.

Тој рече дека е во тек и изборот на фирмата која ќе го гради гасниот интерконектор со Грција.

Share This Article