More

    Унгарската авиокомпанија „Визер“ од почеток на месецов ја  реализира линијата Скопје – Салцбург

    spot_img

    Унгарската авиокомпанија „Визер“ од почеток на месецов ја  реализира линијата Скопје – Салцбург. Летови меѓу двата града ќе се реализираат трипати во неделата -во понеделник, среда и во петок.

    Линијата до Салцбург авиокомпанијата е влезена во договорот со владата за субвенционирање на нови авиолинии, потпишан минатата година.

    Според договорот, авиокомпанијата „Визер“ имаше обврска да започне да ги оперира дестинациите Љубљана, Луксембург, Штутгарт и Салцбург од 1 ноември 2023 година и тоа најмалку 3 пати во неделата.

    -Досега авиокомпанијата Визер ја воведе и започна да ја оперира линијата Скопје – Љубљана, за којашто Министерството за транспорт и врски врши исплата на финансиска поддршка, согласно Договорот. Досега за оваа дестинација се исплатени 48.076 евра. Дополнително, операторот „Визер“, ја воведе и линијата Скопје – Луксембург, но за таа линија досега нема побарано финансиска поддршка – изјавија за Плусинфо, неодамна од Министерството за транспорт и врски.

    Летот Скопје-Луксембург беше воведен во ноември лани, но беше опфатен со привременото укинување кое беше планирано од јануари до март годинава.

    Авиокомпанија лани во април потпиша договор за државна поддршка со кој треба да добие пари само за новите линии на авиокомпанијата од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. Финансиската поддршка изнесува 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

    Авиокомпанијата „Визер“ поради техничка проверка на авионите, од почетокот на годината намали 6 авионски лета и од скопскиот и од охридскиот аеродром во периодот од средината на јануари до средината на март, а веќе е најавено и ново повлекување на авионите од одделни линии во летниот период односно од 31 март до 26 октомври.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img