More

    Актерката Елизабет Харли е 19 години постара од Хари, а светските медиуми шпекулираа дека токму таа му била „прва“ на принцот Хари

    spot_img

    Актерката Елизабет Харли е 19 години постара од Хари, а светските медиуми шпекулираа дека токму таа му била „прва“ на принцот Хари.

    Откако принцот Хари (39) во своите мемоари „Резерва“ откри дека ја изгубил невиноста со многу постара, мистериозна Британка, многумина претпоставуваа дека тоа е актерката Елизабет Харли (58). Атрактивната актерка сега конечно реагираше на тие гласини.

    – Тоа беше смешно! Тој рече дека таа е Англичанка, постара од него и дека тоа се случило во Глостершир и луѓето некако заклучија дека тоа сум јас. Беше апсурдно – изјавила таа во емисијата „Гледајте што се случува во живо со Енди Коен“.
    Актерката дури рекла дека никогаш не го ни запознала принцот Хари.

    Хари во своите мемоари откри дека се работи за кратка врска, а за мистериозната дама не откри многу. Само дека била многу постара од него, а, како што опиша, сексуалниот однос се случил на ливадата зад некој паб.

    Да потсетиме, кога излегоа мемоарите, друга жена, Саша Волпол, излезе во јавноста и тврдеше дека таа е таа за која пишува Хари. Меѓутоа, принцот никогаш не ги коментираше нејзините изјави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img