Српската ТВ Курир објави снимка од депонијата каде се претпоставува дека е фрлено телото на малата Данка. Неименуван извор за српските медиуми изјавил дека дивата депонија се наѓа на Старобањскиот пат кај Бор, а дека Данка е закопана на десната страна од патот.
Главниот уредник на српски Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ изјави дека полицијата уште не го пранашла телото, но дека двајцата уапсени посочиле на истото место иако биле однесени на депонијата кај Бањско поле во различно време.
– Полицијата сè уште не го пронашла телото. Тоа беше погрешна информација што ја објавија медиумите. Криминалците го признале делото, но телото на малото девојче уште не е пронајдено. Истрагата продолжува – изјави Вучиќевиќ.
Криминалистичката полиција од Бор ги приведе работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот. Според српскиот претседател Александар Вучиќ тие го признале делото.
С.Ј е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д за помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.