More

    Дијалогот е можен и покрај разните интерпретации

    spot_img

    Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите Нации отпатува за Москва за да се види со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров и оттаму да побара крај на војната и на страдањата на луѓето во Украина. Тој е во засилена мисија на ОН и меѓу другото ќе разговара за хуманитарните коридори и за евакуацијата на цивилите.

    – Иако ситуацијата во Украина е „комплексна“ и постојат „различни интерпретации за она што се случува таму“, дијалогот е можен – изјави Гутереш.

    Лавров на Гутереш му се пожали дека на Западот постоеле тенденции за создавање монополарен свет, на што Гутереш одговори дека тој е докажан приврзаник на мултиполарниот свет.

    Ова е прва посета на Гутереш на Москва по почетокот на руската окупација на Украина. По разговорите со Лавров, генералниот секретар на ОН треба да има средба и со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и посета на Киев.

    – (Средбите) во овој редослед немаат ниту праведност ниту логика – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за најавената посета на Гутереш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img