Не, не е познатата научнофантастична серија Старгејт, туку Mајкрософт и компанијата ОпенАИ која го развива ЧатГПТ ќе потрошат до 115 милијарди долари да направат суперкомпјуер со вештачка интелигенција со истото име. Компјутерот треба да биде готов во 2028 година. Старгејт, или во превод Ѕвездена Порта, ќе биде 100 пати поскап од некои од најголемите постоечки центри за податоци, пренесува Ројтерс.
Предложениот суперкомпјутер со седиште во САД ќе биде најголемиот во серијата што компаниите сакаат да ја изградат во следните шест години, се додава во извештајот.
Објаснето на друг начин, суперкомпјутерот ќе го чини Мајкрософт трипати повеќе одошто компанијата потрошила лани за сервери, згради и за друга опрема.
Информациите ги припишуваат пробните трошоци од 100 милијарди долари на лице кое разговарало со Алтман за тоа и лице кое прегледало некои од првичните проценки на трошоците на Мајкрософт.
Ѕвездената Порта треба да биде петта фаза од проширениот вид на суперкомпјутери кои планираат да ги развиваат овие две компании, а моментално двете компании се на средина на третата фаза. Трката за ваков тип суперкомпјутери е актуелна во САД.
Една од клучните работи во новиот тип компјутери со вештачка интелигенција се самите чипови. За ова треба да помогне познатата компанија Nvidia чиј чип Blackwell“ B200 ќе има цена помеѓу 30.000 и 40.000 долари.
Во 2026 година, Мајкрософт веќе треба да произведе суперкомпјутер од четврта фаза.