Лани и на почетокот на годинава се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лани и на почетокот на годинава се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 18%  во 2023 година и за 17%, во 2024 година. Ова го покажуваат последните податоци на Народна банка.

Бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) забележуваат годишен раст од 5% односно од 12%.

Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (71%), податоците за изминатата година ја потврдуваат и сѐ почестата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 16% кај бројот и 19% кај вредноста на плаќањата иницирани електронски. Притоа, граѓаните сѐ почесто ги употребуваат мобилните апликации за извршување на плаќањата коишто забележаа раст од 22% кај бројот и 30% кај вредноста.

Според податоците на централната банка на крајот од 2023 година во оптек биле 1,9 милиони платежни картички, од коишто 76% се бесконтактни.

Инфраструктурата за прифаќање плаќања со платежни картички, пак, брои 32.198 уреди на физичките места на продажба, кај 15.804 трговци во земјата, од кои дури 95% ја поддржуваат бесконтактната технологија. Бројот на картички со бесконтактна технологија и уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат оваа технологија забележа годишен раст (во споредба со 2022 година) од 0,5%, односно 18%. Годишен раст од 6% во однос на 2022 година е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажба на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата.

За извршувањето на плаќањата со прифаќање на платежните картички, според најновите податоци за 2023 година, трговците плаќале просечен надоместок во висина од 1,12% од вредноста на прометот, што е помалку за 0,01 п.п. во споредба со 2022 година. Најголемо намалување се забележува кај надоместокот за плаќањата за дејноста информатичка технологија и бела техника и услугите на државните институции (за 0,08 п.п. кај двете групи дејности) и на бензинските станици (за 0,06 п.п.).

Share This Article