More

    Израел ги истражува околностите во кои се случил инцидентот

    spot_img

    Седум вработени во шпанската хуманитарна организација „World Central Kitchen“ (WCK) загинаа во израелски воздушен напад врз Појасот Газа, објавија палестинските медиуми.

    Хуманитарни работници од Полска, Австралија, Ирска и Велика Британија се меѓу жртвите на нападот врз возило јужно од Деир ал Балаха, во центарот на окупираната крајбрежна зона, објави „Тајмс оф Израел“.

    „Свесни сме дека членовите на тимот на„World Central Kitchen“ се убиени во напад на ИДФ додека работеа на поддршка на нашите хуманитарни напори за испорака на храна во Газа“, објави WCK на платформата X.

    „Ова е трагедија. Работниците на хуманитарната помош и цивилите НИКОГАШ не би смееле да бидат цел. НИКОГАШ. “, напиша хуманитарната организација.
    Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа на Телеграм објавија дека ги истражуваат овие наводи.

    „По денешното известување за персоналот на „Светската централна кујна“ во Гази, ИДФ врши темелна проверка на највисоки нивоа со цел да ги разбере околностите на овој трагичен инцидент“, напиша ИДФ.

    „ИДФ прави големи напори за да овозможи безбедно доставување на хуманитарна помош и тесно соработува со WCK во нивните витални напори да обезбеди храна и хуманитарна помош за луѓето во Газа“, наведе армијата.

    WCK е вклучена во испораката на помош за Газа, која во март пристигна во воената зона по морски пат од Кипар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img