Српскиот рапер Драгомир Деспиќ Десингерица се прослави кога на интернет се појави снимка на која со патика удира обожавател по глава, а сега отиде чекор понатаму.
Многу изведувачи се обидуваат да им приредат на своите обожаватели незаборавна вечер, меѓу кои и Драгомир Деспиќ Десингерица. Сепак, начинот на кој тој се однесува кон публиката збунува многумина кои не се љубители на неговиот лик и дело.
Десингерица прво ги удираше со патика по глава, па ги плукаше, ги поливаше со вода, а сега ја поместил границата. Имено, раперот фатил девојка за врат, имитирал движење на пила како да ѝ ја сече главата, а притоа ѝ го забил микрофонот во уста!
Ова видео брзо стана вирално на интернет, а многумина се згрозени од неговите постапки.
Од друга страна, изгледа дека на девојката тоа не ѝ пречело.
„Ова едноставно не може да биде вистина“, „Ова е болно“, „Ова е навистина премногу“, „Претеруваш“, „Болест“, „Имаш ли граници“, „Срамота“, беа коментарите на Тикток.