На 88 годишна возраст почина Вера Свобода, хрватска пејачка на забавни, народни и староградски песни. Вестаза нејзината смрт ја потврди ќерката Весна Њикош Печкај за хрватскиот медиум „Вечерњи лист“.
Вера на 16 години почнала да пее во родниот град на Радио Осиек и играла во театарски претстави, а со текот на времето таа започна да настапува на бројни музички фестивали.
Таа беше една од најголемите музички ѕвезди во седумдесетите во поранешна Југославија.
Под издавачката куќа „Кроација рекордс“, поранешен „Југотон“ сними 15 плочи „лонг плеј“, пет ЦД-а, дваесет касети, а за потребите на ХРТ над 300 народни, староградски, забавни и патриотски песни.
Вера Свобода беше во брак со познатиот музиколог и новинар Хулио Њикош, кој ги продуцираше и аранжираше повеќето нејзини песни.