На видеото снимено во Виена на кое е прикажано мало девојче во придружба на две Романки е лажирано, не е малата Данка Илиќ која исчезна во вторникот во приградската населба Банско Поље во Бор, тврди Блажо Марковиќ, претседател на Синдикатот на полицајците на Србија и претседател на движењето Нова сила, пренесува Курир.рс.
На видеото се гледа девојче кое многу наликува на исчезнатата Данка што покрена лавина реакции. Но сепак Марковиќ посочува дека одредени детали на висдеото, пред се гестовите на девојчето откриваат дека не станува збор за малата Данка.
-Полицијата треба да работи со молчење, тоа е најважно. Што се однесува до видеото, девојчето во ова видео е многу свесно каде е и кој е во нејзина близина. Можете тоа да го видите во видеото. Не мора да си голем експерт за да го видиш тоа. Нашето девојче кое сега е исчезнато би било тотално дезориентирано и исплашено би ги гледало луѓето околу себе. Така што, таа снимка за мене не е валидна. Сигурно ако малку повнимателно го погледнете тоа видео ќе видите дека се работи за девојче кое ја познава околината и ги познава луѓето околу неа. Ова е лажна снимка. Веќе кажав и претходно дека ќе има вакви лажни видеа, разни пророци, бели магионичари итн. Сето ова ја кочи истрагата – истакнува Марковиќ.
2-годишната Данка Илиќ исчезна во вторникот од пред напуштената викендица во пригратската населба Банско Поље додека нејзината мајка Ивана Илиќ му давала вода на 3-годишниот син.