More

    Повеќе од 100.000 луѓе демонстрираа во Ерусалим, против владата на Бенјамин Нетанјаху и против ослободувањето на ултраортодоксните Евреи од воена служба

    spot_img

    Повеќе од 100.000 луѓе демонстрираа во Ерусалим, против владата на Бенјамин Нетанјаху и против ослободувањето на ултраортодоксните Евреи од воена служба, пренесува Ројтерс. Западните медиуми пишуваат дека земјата е пред нови граѓански немири, најголеми досега.

    Во протестите учествуваа и оние кои ги предводеа масовните протести минатата година во Израел.

    Овојпатм, тие одржаа протести пред парламентот во Израел, барајќи нови избори и промена на власта.

     

     

    Учесниците на протестот, исто така, сакаат подеднаков удел во товарот на воената служба, што се однесува на мнозинството Израелци.

    Антивладините протести почнаа во неделата во Ерусалим и, како што беше најавено, ќе траат четири дена. Демонстрантите поставија шатори и ја поминаа ноќта пред Кнесетот.

    Бараат оставка од Бенјамин Нетанјаху и распишување избори. Опозицијата тврди дека протестите се единствениот спас за Израел.

    Израелскиот премиер пак изјави дека распишувањето избори во овој момент само ќе му користи на Хамас.

    ИДФ е подготвена за операција во градот Рафах, дом на повеќе од милион палестински бегалци од другите делови на Газа. Израелските сили тврдат дека евакуираат цивили од зоната на операцијата и најавуваат пресметка со бригадите на Хамас, за кои велат дека се кријат во тој град долж границата со Египет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img