Ердоган призна дека не очекувал такви резултати

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Turkey's President Tayyip Erdogan addresses the 78th Session of the U.N. General Assembly in New York City, U.S., September 19, 2023. REUTERS/Brendan McDermid/File Photo

Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција.

АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на изборите на кои повеќе од 61 милион гласачи во Турција го добија правото на глас.

Тој изјави дека не очекувале такви резултати, но дека во се има добро.
– Ќе ја послушаме волјата на народот, како и во минатото. Народот ги кажа последните зборови. Ќе работиме со градоначалниците кои победија на изборите. Ќе се самокритикуваме. Имавме неуспеси – истакна тој.

Тој нагласи дека неговата влада има уште четири години да ги исправи своите грешки.

-Немаме избор во следните четири години. Ќе ги обновиме подрачјата погодени од земјотресот, ќе ја поправиме економијата – рече Ердоган.

Share This Article