More

    Мицкоски откри како планира да ја спаси Македонија

    spot_img

    Покрај ветувањето дека криминалците од СДСМ и ДУИ ќе одговараат за секоја пролеана солза од секоја мајка и сестра за направените неправди и за луѓето кои заминаа од Македонија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откри како ќе се соочи со проблемите и како планира да ја спасува урнисаната Македонија.

    – Мора да ги мобилизираме сите луѓе во Македонија без разлика на етничката или било која друга разлика. Продавам рака кон секој еден човек кој се става на располагање да помогне за иднината на Македонија. Време е за силно обединување кое веќе го правиме – порача Мицкоски откривајќи дека ќе се обиде во битката за враќање на иднината да ги користи сите расположиви без разлика на политичките и идеолошките, верските или етничките разлики.

    Тој забележа дека Македонија минувала низ тешки премрежја, била низ крстопати.

    – Над нејзе се надвиснувале тешки предизвици. И не сакам да звучи на некакво предизборно клише, но овој пат Македонија минува можеби низ најтешкото време од своето создавање до денес. Не сме на крстопат, туку овој пат без сомнение државата е веќе влезена во погрешен правец, и мораме да ја вратиме назад, да му припадне на народот и да застане на правиот пат – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на кандидатите за пратеници.

    Мицкоски посочи дека многу работи кои се случија овие триесетина години независност придонесоа луѓето да станат незаинтересирани за важните работи и процеси во Македонија.

    – Таквата незаинтересираност и кревање раце од работите им е добредојдена на сите оние политички елити клики кои всушност се потпросечни медиокритети кои се наоѓаат да одлучуваат за судбините на сите нас. Таквите убијци на надежта на луѓето всушност се хранат и печалат од потргнувањето настрана на сите паметни луѓе кои соочени со бројните проблеми, разочарани од милионите пропусти на системот, обесхрабрени и навредени од примитвноста со која им се настапува од власта, решаваат да дигнат раце и се откажат од својот сон, од својот идеал и или заминуваат од државата или се потполно незаинтересирани за ваните работи. Но мора да си признаеме нешто, а тоа е дека лошите политичари ги носат луѓето кои всушност не гласаат, се пасивизираат и креваат раце од работите. Но работите до таму да овој пат никој го нема правото да им се потргне настрана на тие од власта, да ги остави да продолжат со својот децениски криминал и ситно и бездушно разграбување на Македонија. Да потсетам дека државата не е само наша припадност, туку и наше наследство, кое многу генерации претходно скапо го платија и да бидеме свесни дека секоја педа македонска земја е натопена со многу страдања, борби и крв. Не е ова само наша своевина туку и наследство и слобода кон која се обврзуваме – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски порача дека дојде моментот и часот кога време е сите заедно да ги промениме работите.

    – Мора да не биде, затоа што овие избори се вистински последниот час да победат пристојните луѓе, да победи разумот во Македонија и да им кажеме на сите дека има надеж и ние сме оваа надеж и сила и структура која овој пат има озбилна навреда да ја обнови Македонија. И затоа велам, не може да не бидеме амбициозни и го немам просторот да не се стремиме и да не се бориме кон повисоки цели и вредности – посочи тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img