И покрај интересот на Баерн Минхен и Ливерпул, Чаби Алонсо и следната сезона ќе го води Баер Леверкузен. Како што објави Фабрицио Романо на Твитер, официјална потврда се очекува наскоро.
– Одлуката е донесена и потврдена за Чаби, кој останува уште една сезона. Чаби им кажал на играчите дека останува, дека сака да победува со нив и дека е подготвен за Лигата на шампионите следната сезона. Излезната клаузула ќе биде активна во 2025 година. За одлуката на Чаби се информирани Ливерпул и Баерн – објави Романо.
Ливерпул Ехо со објава потврди колку е ценет Шпанецот на „Енфилд“.
„Тоа е одлична вест, но треба да имате повеќе почит кон поранешниот играч за врска, бидејќи тој очигледно сака да го испочитува договорот со клубот кој му даде шанса. Тоа за нас е ужасна вест бидејќи сите се надеваме дека следното лето ќе бидеме во владение на нов менаџер, па тешко дека ќе бидеме дестинација за 42-годишниот Шпанец. Единствениот начин на кој поранешниот играч на Реал Мадрид и Баерн Минхен би можел да ни стане тренер е ако имаме лоша почетна кампања под водство на новиот шеф, па започнува потрагата по прерана замена“ – наведува спортскиот портал.
Откако не успеа да го донесе Чаби Алонсо, англискиот клуб го насочи вниманието кон Рубен Аморим и Роберто де Зерби.
Сè уште актуелниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп на прес-конференција го коментираше останувањето на Чаби Алонсо во Баер Леверкузен.
Клоп веќе најави дека на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул. Се шпекулираше дека на клупата ќе го наследи поранешниот играч на „црвените“, Чаби Алонсо, но тој денеска потврди дека останува во Леверкузен.
На конференцијата беше побарано од Клоп да ја коментира својата одлука, што автоматски значи дека летово нема да стане менаџер на Ливерпул.
– Тој прави неверојатна работа во Баер. Имаат одличен тим, кој најверојатно ќе успеат да го задржат заедно следната сезона. Разбирам зошто реши да остане – изјави Клоп.