Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава во второто полугодие лани изнесувала 7,28 денари по KWh, што претставува пораст од 8,2 % во споредба со првото полугодие

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава во второто полугодие лани  изнесувала 7,28 денари по KWh, што претставува пораст од 8,2 % во споредба со првото полугодие, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6,75 до 12,39 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36,8 до 48,3 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51,25 денари за nm3.

Share This Article