Романија објави дека пронашла остатоци во поле покрај Дунав, во близина на границата со Украина, за кои се сомнева дека се делови од уништено беспилотно летало.
Романското Министерство за одбрана, членка на НАТО, синоќа соопшти дека „на земјоделско земјиште во Инсула Маре а Брајлеи се идентификувани фрагменти кои се чини дека потекнуваат од воздушна направа (дрон).
Претходната ноќ Русија со ракети и дронови изврши напади врз цели во западна и централна Украина, а Министерството наведува дека води истрага за инцидентот, пренесува Гардијан.
„НАТО има заедничка обврска да се брани доколку една од нејзините членки биде нападната, но Атлантската алијанса и романските официјални претставници по слични инциденти во минатото изјавија дека не нашле докази за каков било намерен напад врз Романија“, се вели во соопштението.