Ситуацијата со Лука Модриќ и евентуалниот нов договор во Реал Мадрид е неисцрпна тема на шпанските медиуми.
Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната. Томас Ронсеро, заменик-главен уредник на Ас, пишува што треба да направи Лука за да остане меѓу Кралевите.
„Верувам и се надевам дека Модриќ ќе сврти се, иако сега ситуацијата е неповолна за него. Доколку Мадрид одигра добро до крајот на сезоната, а Модриќ има истакната улога, можам да ви кажам дека ќе му биде понудено продолжување“, изјави Ронсеро и додаде:
„Доколку Реал му понуди да остане, тој ќе го прифати. Мислам дека би било погрешно да го пуштиме да си оди, тој и понатаму е многу важен за тимот“.