Новите фотографии од прстенот на раката на Виторија ги „запалија“ социјалните мрежи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Девојката на холивудскиот актер Леонардо Дикаприо, супермоделот Виторија Черети, го заинтригира светот покажувајќи прстен на домалиот прст во текот на ручекот во Лос Анџелес во вторникот.

Како што пишува „Дејли мејл“, 49-годишната ѕвезда на „Титаник“ и 25-годишниот италијански супермодел вечерале заедно во ресторанот „Јука“, а фотографите успеале да го уловат моментот кога Виторија нежно ја ставила раката на грбот на актерот и го открила прстенот.

 

Иако славниот актер неодамна беше виден како интимно танцува со Тејана Тејлор, се чини дека сè уште е во врска со Черети, која почна минатата година. Оскаровецот, познат по својата склоност да излегува со жени помлади од 25 години, носел бела маица со кратки ракави, кратки панталони и црни патики.

Што се однесува до Черети, таа за оваа пригода носела полупроѕирен црн џемпер под кој носела бела маица. Споменатите парчиња облека, манекенката ги искомбинирала со сини фармерки и црн ремен. Нејзините кафеави прамени биле сплетени во две долги плетенки, а носела и црни очила за сонце.

 

Повеќепати беше истакнато дека Виторија, исто како и Дикаприот, ја цени својата приватност и сака да ги чува социјалните мрежи како професионално портфолио, наместо да им дава на своите следбеници новости за нејзиниот приватен живот.

- Advertisement -
Ad image

За потсетување, во септември беше потврдено дека Леоанардо се гледа со манекенката Виторија откако претходно беа видени заедно на Ибица.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article