Деветгодишниот Македон Димитровски од Тетово, ја објави својата прва книга насловена од „Од атоми до универзумот“.
Иако активно учествува на натпревари каде има освоено доста медали и игра шах, неодамна го објави својот научен труд од областа на астрономијата, во која детално го опишува универзумот и неговото создавање.
Книгата е на англиски јазик, а Македон објаснува зошто токму на овој јазик се одлучил да пишува за вселената, планетите, ѕвездите и галаксиите.
– Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат – вели малиот генијалец.
Македон има IQ 137, говори повеќе странски јазици, а освoи златен медал на натпревар по математика во кој учествуваа 4.000 учесници од 22 земји.