Српската пејачка Драгана Мирковиќ проговори за разводот со Тони Бијелиќ, неполни 24 часа по моментот кога јавноста и официјално беше информирана дека долго време не се заедно.
Таа ја угостила екипата на хрватскиот медиум „24сата“ во замокот во близина на Виена, а на прашањето за разделбата со Тони таа се расплакала.
– Ова е сега многу тежок период за мене, како и во 90-тите. Поминувам низ многу тежок период, но кога ми е најтешко, тогаш сум и најсилна – рекла Драгана и ги избришала солзите.
Инаку, Драгана и Тони со месеци не живеат на иста адреса, а според извори на српски „Телеграф“, успешниот бизнисмен почнал да живее со друга жена.
– Тие живеат на две места. Постојано се на таа релација и таа романса трае веќе долго време, а за неа знаат сите негови блиски луѓе. Прашање на денови беше кога Драгана ќе одлучи да излезе со официјално соопштение, бидејќи сè стана многу очигледно – изјавил извор за „Телеграф“.
Да потсетиме, Драгана ја информираше јавноста дека се разведува од Тони, со кој има две деца – ќерката Мануела и синот Марко.
.„Како некој кој целиот свој живот го изградил на чесност, чувствувам морална обврска денеска да и се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод.
Мојот однос со Тони веќе подолг период не беше како што беше, а последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана поголем и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак.
Сигурно останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години.
Поради сето тоа ова е моето единствено обраќање во однос на се, им благодарам на медиумите за досегашната соработка и ве молам да ја почитувате оваа одлука и да не ја зголемувате тежината на моментот низ кој минува целото наше семејство.
Со надеж дека следниот пат ќе ви се јавам со многу подобри вести, однапред ви благодарам за разбирањето“, објави Драгана дека се разведува од Тони.