Македонскиот Совет на амбасадори го осуди терористичкиот напад во Москва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот Совет на амбасадори се придружува кон општата осуда на грозоморниот терористички чин во концертната дворана близу Москва извршен минатиот петок, во кој настрадаа или беа тешко ранети, досега ретко виден број граѓани во вакви безумни напади, не само во Русија, туку и во глобални рамки.

„Советот на амбасадори со своите сочуства се придружува во болката и тагата со семејствата на настраданите во овој грозоморен чин и останува во мислите и со граѓаните на Руската Федерација кои директно или посредно ги чувствуваат последиците на варварскиот чин што го потресе светот. МСА останува доследен на своите програмски определби, да се залага и бори, принципите на разум и толеранција, да бидат приоритети без алтернатива во најшироките меѓународни рамки, а, насилството и тероризмот сосема да се искоренат како израз на незадоволство. Дипломатските постапки и политички решенија за глобалните проблеми, дури и за најакутните, се единствениот вистински одговор против безумните дејствија кои водат до загуби на најдрагоценото-човечки животи“, пишува во соопштението од МСА.

Share This Article