Техничкиот проблем кој доведе до недостапност на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) е целосно надминат и сите постапки за јавни набавки може непречено да продолжат, информираа од Бирото за јавни набавки.
Оттаму информираат и дека сите рокови за тековни постапки во времетраењето на техничкиот проблем ќе бидат соодветно продолжени за 9 дена во истиот определен час.
– Доколку деветтиот ден е неработен, рокот се продолжува до првиот следен работен ден- појаснуваат од Бирото за јавни набавки.
Продолжувањето на роковите, како што информираа оттаму ќе се однесува на крајниот рок за поднесување на понуди и јавно отворање ( пример- за постапка која имала краен рок 18.04.2022 во 11.00 часот, истиот се пролонгира и ќе биде 27.04.2022 година во 11.00 часот), потоа за крајниот рок за поставување на прашања и одговори пред јавно отворање и за објава на Известување за измени и дополнителни информации во постапката.
Исто така се продолжува и рокот за почеток на е-Аукција односно пролонгирање на веќе закажаните аукции (пример-за аукција која била закажана дека ќе се спроведе на 19.04.2022, рокот ќе биде пролонгиран и истата ќе се спроведува на 28.04.2022 година) како и за роковите за жалби по јавни набавки