По формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа, соопшти денеска партијата информирајќи за дел од активностите од Изборната програма.
„Тарифата за пристап на мрежа од 200 денари е нова давачка која ја воведе СДСМ со цел да собере повеќе пари од граѓаните во буџетот. Платформа 1198 предвидува укинување на мрежарината воведена од СДСМ. Мрежарината од 200 денари е неоснована давачка која удира по џебот на граѓаните“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат и ревидирање на тарифниот систем за струјата.
„По формирање на владата ќе се ревидира тарифниот систем, и владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине мрежарината од 200 денари, на која кога ќе се пресмета и ДДВ од 18%, доаѓаме до сума од 236 денари, пари за кои веднаш ќе се намалат сметките. Со оваа мерка секое домаќинство ќе заштеди по 3.000 денари годишно. Идната влада ќе ја врати државата на народот. Заврши времето на грабежи3, се вели во соопштението.