More

    Втор ден се трага по исчезнатото девојче Данка

    spot_img

    Втор ден се трага по девојчето Данка (2) кое исчезна вчера пред 14 часот во селото Бањско Поље кај Бор . На влезот во селото утрово има полициски пунктови, кои ги проверуваат сите што се движат таму. Полицијата и брзата помош се на приодите кон куќата, има и пожарникари и припадници на Планинарската спасувачка служба, објави српски  Телеграф.

    Во селото нема жители. Населбата е урбана, но теренот е непристапен – врнеше цела ноќ и е многу студено, но од двегодишното девојче Данка нема ни трага ни глас.

    Куќата кај која исчезна детето е изолирана од останатите, оддалечена околу 150 метри од другите згради. Полицијата не дозволува пристап о неа.

    Проверени се сите напуштени објекти во околината, а се истражуваат и сите „лица од безбедносен интерес“ кои претходно имале проблеми со законот.

    Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ синоќа пристигна во Бор, а утринава даде инструкции доброволците кои сакаат да се вклучат во потрагата тоа да го направат во координација со полицијата. Дваесетина локални жители добија дозвола да учествуваат во акцијата за пребарување со полицијата.

    Вчера околу 500 мештани заедно со полицијата, жандармеријата, МВР и Планинарската спасувачка служба учествуваа во потрагата по исчезнатото девојче.

    Користени се дронови и термо камери, но поради шумите и потоците во околината на Бањско Поље не донесоа резултат.

    Девојчето во моментот на исчезнување носело виолетови панталони, јакна во зелена маслинеста боја и косата врзана во опавче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img