More

    Руската безбедносна служба упати сериозни обвинувања

    spot_img

    Директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников денеска изјави дека зад терористичкиот напад во Москва стојат САД, Велика Британија и Украина.

    Тој наведе дека Киев организирал подготовка за терористите на Блискиот Исток, додека самиот напад го подготвиле „радикални исламисти“ кои, како што рече, планирале да добијат херојски пречек во Украина.

    Тој додаде дека началникот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов, е легитимна цел на вооружените сили на Русија, како и на сите оние кои, како што наведе, вршат злосторства против Руската Федерација, пренесува РИА.

    – Секој што ќе изврши злосторство против Русија и руските граѓани е легитимна цел, а Службата за безбедност на Украина треба да биде прогласена за терористичка организација – рече Бортников.

    На новинарско прашање зошто Буданов е сè уште жив, шефот на ФСБ одговори: „Има време“.

    Најмалку 137 лица загинаа, а повеќе од 180 беа повредени во нападот на 22 март во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва.

    Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img