Која индустрија имаше најголем промет?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вкупниот промет во индустријата, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е намален за 12,8%, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Во однос, пак, на декември лани прометот во индустријата се намалил за 14,2%

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7 % и кај „капитални производи“ за 25,1 %, додека пораст бележи кај „трајни производи за широка потрошувачка“ од 1,9 % и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ од 8 %.

Најголем раст на прометот во индустријата за период од една година имале секторите за поправка и инсталирање на машини и опрема каде што е забележа раст од 171% и во индустријата за производство на тутунски производи каде што е забележан раст.
Највисок пад на промет од 41,6% бележи рударството, по кој е дрвната индустрија со пад на прометот од 43,5%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, се зголемил за 2,5%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во споредуваниот период бележи пораст кај „капитални производи“ од 34,3 % и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ од 4,5 %, додека опаѓање бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 2.5 % и кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,5 %.

Прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пад од 16,8% . Во овој промет највисок пораст од 190,3 % има прометот на тутунската индустрија.

Во однос, пак, на декември лани прометот во индустријата во јануари годинава се намалил за 14,2%. На домашниот пазар прометот во јануари во однос на декември се намалил за 18,8 %, додека прометот на индустријата на странските пазари бележи пад од 9%.

Share This Article