More

    Терористичката организација ИСИС и се закани на Русија

    spot_img

    Терористичката организација ИСИС објави видео на кое му се заканува на рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Дејли мејл“. Тие во споменатото видео изјавиле дека „мачењето на терористите им ја зголемило жедта за крв“.

    Четворица мажи кои се сметаат за главни осомничени се уапсени во близина на украинската граница. Тоа се Шамсудин Фаридуни, Мухамедсобир Фајзов, Далерјон Мирзојев и Саидакром Тачабализода. Тие биле тепани и мачени од членови на руската безбедносна служба (ФСБ) за време на сослушувањето. Фајзов дури и за малку ќе го изгубел окото.

     

    ИСИС го повика Путин „да престане со тортурата на исламските затвореници“ и го предупреди дека „тие ужасни сцени само ја зголемуваат нивната жед за крв“.

    Рускиот истражен комитет издаде налози за апсење на уште три лица осомничени дека им помагале на уапсените терористи во грозоморниот масакр во петокот вечерта во кој загинаа 139 лица во концертната сала Крокус.

    „До сите диви Руси. Престанете да ги мачите затворениците на Исламската држава. Внимавајте! Немојте да мислите дека немаме шанса да ви се одмаздиме за нашите заробени браќа. Во нападот во петокот ви докажавме дека ако даде Бог, муџахедините на Исламската држава можат да ве казнат за секој ваш ужас. Мачењето заробени муџахедини и објавувањето снимки од нив само ја зголемува нашата жед за крв. Тешки, крвави и смртоносни удари ви доаѓаат. Очекувајте масакр, многу брзо“ – стои во заканата и соопштението на ИСИС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img