More

    ГРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СЕ БЕЗБЕДНИ Имаме специјални возила, камери, а наскоро и дронови, вели Бојмацалиев

    spot_img
    Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во интервју за утринската програма на Клан ТВ беше запрашан за безбедноста на границите. 

    – Сакам да демантирам за безбедноста на границите, да немаат граѓаните перцепција дека никој ништо не прави, слично како со управните служби. Јас имам свој концепт на работа, но кога се јавуваат лажни вести сакам со факти и аргументи да ги побијам – рече Бојмацалиев.

    Дополнителниот заменик министер е дециден дека границите се безбедни и потенцира дека се користи дигитална опрема во зачувување на безбедноста на границите.
    – Со помош на ЕУ и стратешките партнери САД и со буџетот на МВР имаме 11 специјални возила. Сите полицајци на гранични премини имаат боди камери. Имаме камери кои се во полициските станици на граничните појаси, при движење веднаш фотографираат и праќат слика. Во процес сме на испорачување на 8 дрона, како новина во технологијата, со кои ќе го штитиме зелениот појас – рече Бојмацалиев.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img