More

    За 1 Мај и за Велигден се избираат авантуристички места или верски светилишта

    spot_img

    Еднонеделни патувања во Исланд кое чини 2.290 евра по човек, за Дубаи за 995 евра или Барселона од 699 евра, петдневни патувања во Грција по цена од 116 до 217 евра и Црна Гора со цена од 141 до 238 евра зависно од хотелот во кој се сместувате, се само дел од патувањата кои се нудат за 1 Мај и за Велигден.

    Во понудата се и Албанија, Прага, Рим, јужна Италија, Унгарија, неизбежната Турција, а хит се и познатите манастири на Света Гора. Годинава и охридското крајбрежје традиционално за овие празници се очекува да биде полно со гости од соседството, но и со  странски гости кои се редовни посетители во овој дел од годината.

    Туристичките работници велат дека понудата е богата и изненадува интересот на граѓаните иако цените се за 10 до 15% повисоки од ланските, а проблемите со патните исправи и натаму се актуелни.

    – Има интерес за турите за Велигден и за 1 Мај има и веруваме дека ќе бидат исполнети местата иако цените се повисоки од лани за 10 до 15%. Ние годинава се одлучивме за Света Гора и за други делови на Грција, како и за патувања во повеќе европски градови. Посебен интерес има за Света Гора каде што во овој период многу верници сакаат да поминат неколку денови – вели Дончо Нацев од агенцијата „Арбо травел“.

    Изборот на граѓаните за овие патувања зависи и од планираниот буџет, но и од тоа дали сакаат нивното патување да биде поразлично од вообичаено или да поминат неколку денови на шопинг во некој од големите европски градови.

    – Одморот вообичаено го користам за патувања, па вториот дел од ланскиот одмор сакам да го искористам за едно подалечно патување. Овој пат тоа е Исланд. Се надевам на добра авантура во оваа земја. Има и други интересни дестинации, на пример, авантура по канонот на Тара е доста актуелна меѓу моите пријатели, но сепак јас се одлучив за Исланд кој годинава е актуелен по вулканските ерупции. Можеби ќе бидам сведок на една таква активност на вулканите во оваа земја – вели Моника од Скопје.

    Дел од граѓаните кои не успеаја навреме да ги обезбедат пасошите со новото име сепак ќе мора да се задоволат со патување во Србија, Црна Гора, Албанија или БиХ каде што можат да влезат со лични карти.

    Во Валона, Албанија за тридневен престој во хотел за 1 Мај зависно од хотелот чини од 130 до 150 евра по лице за ноќевање со појадок. Во Драч цените се движат од 90 до 125 евра. Ако се носат и деца, се доплаќа зависно од возраста. Дводневен престој низ Босна и Херцеговина чини 119 евра, а ако фатите промоција може да отпатувате и за 99 евра.

    И хотелските капацитети и приватното сместување во Охрид се подготвени за претстојните празници. Се очекуваат гости од земјава и од соседството, но и странски туристи од Србија, Турција, Холандија и од Полска. И овде цените се повисоки од лани. За три ноќевања ќе ви бидат потребни од 110 до 169 евра. Апартманите имаат цена од 114 евра по човек. Цените во приватните вили се движат од 40 до повеќе од 100 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img