Студениот фронт ги зафати северните и централните делови на Хрватска, предизвикувајќи обилни врнежи од дожд кои се претворија во лапавица и снег.
Над централниот и јужниот дел на Јадранот се уште нема продрено нестабилен воздух, но и денеска ќе има промена на времето.
Пролетта започна календарски, но минималните температури минатата недела се движеа од -2 до -3 во внатрешноста до околу 4 степени на Јадранот.
Највисоки дневни температури биле натпросечни, а во Карловац се измерени 21,2. На Јадранот највисоката температура забележана во Риека изнесувала 20,9 степени.
Според ДХМЗ, најмногу снег паднал на Сљемен, врвот на планината Медведница кај Загреб, дури 25 сантиметри.