More

    Поранешната руска мисица Екатерина Новоселова е една од убиените во терористички напад во московската концертна сала „Крокус“ во кој животот го загубија над 130 луѓе и стотици се повредени

    spot_img

    Поранешната руска мисица Екатерина Новоселова (42) е една од убиените во терористички напад во московската концертна сала „Крокус“ во кој животот го загубија над 130 луѓе и стотици се повредени.

    Екатерина Новоселова потекнува од градот Твер, каде што завршила гимназија пред да го продолжи своето образование на Правниот факултет на Државниот универзитет во Твер. После тоа, таа се преселила во Москва, каде  изградила кариерата и семејството. На 42-годишна возраст, Екатерина загина во терористички напад, оставајќи зад себе две деца и многумина кои ја познаваа. Таа ја освои титулата Мис Твер во 2001 година.

    Повеќе од 130 луѓе ги загубија животите во страшниот напад во Москва, што се случи во петокот во концертната сала „Крокус“, меѓу кои и поранешната убавица Екатерина Новоселова, која почина на 42-годишна возраст.

    На трагичниот ден, Екатерина решила да присуствува на концертот без семејството, оставајќи ги двете деца, синот и ќерката, дома со нивниот татко. Нејзината одлука да ја помине вечерта уживајќи во музика се претвори во трагичен момент за неа и за стотици други луѓе кои се затекнаа во концертната сала „Коркус“ за време на најсмртоносниот терористички напад во Русија во последните години за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.

    Рускиот претседател Владимир Путин го потврди апсењето на четворицата напаѓачи и најави казни за одговорните. Денеска во Русија е прогласен ден на жалост во спомен на жртвите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img