More

    Русите го извршија најголемиот напад на украинскиот енергетски систем

    spot_img

    Руските сили синоќа извршија масовни воздушни напади врз неколку области во Украина, а цел беа регионите Запорожје, Харков, Лавов и Дњепропетровск, како и Кривји Рих, јавуваат украинските медиуми. Нов масовен напад е извршен врз украински инфраструктурни објекти по што повеќе региони останаа во мрак.

    На удар биле цели во регионите Харков, Виница, Суми, Лавов, Запорожје и Дњепропетровск, а според воени претставници, нападите биле извршени со помош на беспилотни летала, ракети Искандер, Кинжалс и Х-101.

    Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко изјави дека денешните напади врз критичната инфраструктура се најголеми во последните години врз енергетскиот сектор на Украина.

    – Оштетени се производствени капацитети и системи за пренос и дистрибуција на електрична енергија во различни области. Земјата доживеа прекини во снабдувањето со струја и интернет – вели Галушченко.

    Регионалната воена управа на Запорожје соопшти дека во ударите се уништени седум станбени згради, а 35 се оштетени, а има и повредени, пренесува Укринформ.

     

    Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека во тој град одекнале 15 експлозии и дека руските сили ги погодиле објектите на електродистрибутивната мрежа.

    – Досега се потврдени 15 експлозии во Харков. Во градот има проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Непријателот ги гаѓа објектите на инфраструктурата за дистрибуција на електрична енергија. На некои места избувнаа пожари – изјави Терехов на Телеграм.

    Министерството за енергетика на Украина тврди дека во тие делови на Украина се забележани бројни оштетувања на електричната мрежа, а во многу региони поради тоа нема струја. Меѓу другото, делумно без струја се и регионите Кировоград и Виница.

    Руските сили бомбардираа и фабрика за производство на тенкови во Харков, а според очевидци нападот бил многу моќен и биле забележани околу 20 проектили кои летале во правец на тој индустриски комплекс. Пожарот избувнал во неколку фабрички објекти и во моментов е тешко да се процени причинетата штета.

    Галушченко изјави дека синоќа руските сили го извршиле најголемиот напад врз украинскиот енергетски сектор во последно време и дека целта на Русија не е само да го оштети енергетскиот систем на Украина, туку повторно да се обиде, како и минатата година, да предизвика дефект во работењето на енергетскиот систем од големи размери, пренесува Униан.

    „За жал, има удари и оштетувања на производствените капацитети, системите за пренос и дистрибуција во неколку области. Покрај тоа, поради гранатирање, еден од далноводите што ја снабдува нуклеарната централа Запорожје е без струја“ – напиша Галушченко на Фејсбук.

    Украинските медиуми јавуваат за рускиот напад на хидроцентралата Днепар во Запорожје, наводно бил погоден и автобусот што ги превезувал работниците на централата!

    Во Украина поради нападот на енергетскиот сектор има масовен прекин на интернетот, јавува сервисот Netblocks. Последиците се највидливи во Дњепропетровск, Харков, Виница и Хмелницки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img