More

    Цените на нафтата „потонаа“ на почетокот на азиското тргување денеска поради изгледите за конечен прекин на огнот во Газа

    spot_img

    Цените на нафтата „потонаа“ на почетокот на азиското тргување денеска поради изгледите за конечен прекин на огнот во Газа. Тоа би можело да ги олабави глобалните резерви на нафта.

    Во исто време, посилниот американски долар и послабите цени на нафтата го намалија расположението за побарувачката.

    Нафтата „брент“ поевтини за 18 центи на 85,60 долари за барел. Фјучерсите на американската сурова нафта  паднаа за 19 центи на 80,88 долари за барел.

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера рече дека верува оти разговорите во Катар би можеле да постигнат договор за прекин на огнот во Газа, што ќе ги зголеми шансите за поголемо глобално снабдување со нафта.

    Блинкен се состана со арапските министри за надворешни работи и египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси во Каиро додека преговарачите во Катар се фокусираа на приближно шестнеделното примирје.

    Советот за безбедност на ОН денеска ќе ја разгледа американската резолуција за прекин на огнот во Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img