Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ морала накратко да го прекине концертот во Крагуевац, бидејќи ѝ се слошило. Пејачката во еден момент добила вртоглавици, ѝ се свртело пред очи, па направила мала пауза за да дојде до здив и да се разлади, пишува српскиот портал „Република“, чија екипа го снимила моментот.
Александра набрзо се разладила и го продолжила концертот, а на сцената го донела бендот „Тропико“ и му се заблагодарила на фронтменот Сале и на другите членови на бендот.
– Ви благодарам многу што дојдовте, што се согласивте да излезете пред обожавателите. Знам дека публиката ве сака каде и да одите, а сигурна сум дека сега ќе направите хаос во Крагуевац – рекла Александра.
Пејачката во еден момент на сцената го поканила својот пријател, пејачот Среќко Кречар, кого го видела во публиката.
– Го познавам уште кога бев мала, би сакала да испееме барем една песна заедно ако не е проблем – рекла пејачката и нешто му шепнала, а тој се согласил.
– Добро вечер, Крагуевац. Ти благодарам – рекол Среќко и заедно со Пријовиќ ја испеале песната „Хеј, откад сам се родио“. Публиката уште еднаш ја разнежнила пејачката која почнала да плаче, иако повеќепати повторила дека нема да плаче.