Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Копенхаген ги доби ривалите за квалификациите за пласман на ЕП 2026, кое по две години ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија ќе игра во Групата 1 заедно со Слованија, Литванија и Естонија.
Во квалификациите учествуваат 32 репрезентации, кои се поделени во осум групи по четири селекции.
Пласман на Европското ќе обезбедат првите две репрезентации од сите осум групи и четирите најдобро третопласирани селекции.
Квалификациите почнуваат на 4. октомври, а ќе траат до 11. мај 2025 година.