More

    Османи покани само четворица противкандидати за претседател

    spot_img

    Кандидатот на ДУИ за претседател Бујар Османи денеска преку својот Фејсбук профил упати покана за заеднички ифтар до претседателските кандидати Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ, Арбен Таравари поддржан од албанската опозициска коалиција Вреди и до Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ.

    Покана за ифтарска вечера нема за кандидатката Билјана Ванковска од Левица и за Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

    Како што потенцира Османи во објавата, ги кани на заеднички ифтар за да се договораат за позитивна и конструктивна кампања.

    „На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“, вели Османи во објавата на Фејсбук.

    Кандидатката за шеф на државата од Левица, Билјана Ванковска, реагираше на објавата на противкандидатот Бујар Османи.

    За разлика од него, напиша професорката, јас не се кандидирам за европски, туку за македонски претседател.

    „Прво, Османи очигледно прави свои ‘црни листи’ на подобрни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска листа), но за мене можеби знае нешто што јас не го знам… Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ). Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година мислите ги упатувам кон Палестина, и тешко ми е да прифатам пости и ифтари, во време на геноцид.

    Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат. Јас не припаѓам во тоа друштво“, вели Ванковска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img