САД покренаа тужба против Apple, обвинувајќи го технолошкиот гигант за монополизирање на пазарот на паметни телефони и уништување на конкуренцијата.
Во тужбата се наведува дека компанијата ја искористила својата моќ да ги ограничи конкурентите, како и опциите што им се достапни на потрошувачите, пишува Би-Би-Си.
Apple вети дека „енергично“ ќе се бори против тужбата и ги негира тврдењата.
Ова е трет пат компанијата да биде тужена од американското Министерство за правда од 2009 година.