Откако на социјалните мрежи објави пораки кои и ги испратила нејзината мајка Мира, во кои таа жестоко ја критикуваше, пејачката Наташа Беквалац се потсети како еднаш испратила порака до погрешна личност, како и што ја прашал човекот потоа.
Атрактивната поп-ѕвезда често ја засмејува публиката со анегдоти од својот живот, а неодамна и се случил еден пех, за кој сега проговори. Наташа, пораката наменета за пријател, ја испратила на друг број, што го збунило човекот, кој на погрешен начин ја протолкувал пораката.
„Тоа беше пред една година. Содржината на пораката не беше толку страшна колку што може да биде толкувањето. Дечкото што работи во приватна болница е мој пријател, работевме на Нова година, работев пет ноќи по ред, тој требаше да ми даде инфузија во еден хотел. Јас само требаше да му го испратам бројот на хотелската соба, па напишав: „Хотел тој и тој, те чекам во соба таа и таа“, но му напишав на погрешен Стефан. Добив одговор со три прашалници: „Дали има нешто што треба да знам?““, открила Наташа Беквалац за српските медиуми.
ФОТО: Инстаграм